Бајден ја потпиша уредбата за здравствена заштита

Од:

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, го потпиша указот со кој се прошири можноста за аплицирање во системот на здравствена заштита на граѓаните кои не можат да ја добијат преку своите работодавци.

Бајден, исто така, го потпиша и указот за укинување на забраната за финансирање меѓународни непрофитни организации што поддржуваат и даваат совети за абортусот.

-Потпишувам две уредби со кои ќе се отстрани штетата што ја направи Трамп, рече Бајден од Овалната соба.

Гласот на Америка пренесе дека потпишувањето на Уредбата за здравствена заштита на граѓаните ќе им овозможи од 15 февруари до 15 мај да аплицираат за здравствено осигурување на интернет страницата healthcare.gov.

Претходно, програмата беше достапна шест недели годишно.

Бајден најави дека ќе ги поддржува програмите почнати според Законот за нега, донесен во 2010 година за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател смета дека итните промени се важни заради пандемијата на коронавирусот.

Бајден, кој ја презеде должноста минатата недела, побара од федералните агенции да ги преиспитаат одлуките донесени од администрацијата на Трамп во врска со критериумите што на граѓаните им го отежнуваа да аплицираат за програмата „Медикејџ“ за здравствено осигурување за граѓаните со поскромен имот.

Би можело да ве интересира

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски