Бајден ја почна процедурата за реформа на Врховниот суд

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден формираше комисија експерти за реформа на Врховниот суд на САД, институција чие функционирање е предмет на редовна критика.

Комисијата ќе има рок од шест месеци да даде препораки за реформа на Судот, соопшти Белата куќа.

Новото тело, составено од демократски и републикански експерти, ќе ги испита чувствителните аспекти на можната реформа на Врховниот суд, вклучително и должината на мандатите на членовите, нивниот број, начинот на кој работи судот и правилата на институцијата.

Врховниот суд има девет судии назначени доживотно. Тие се назначени од претседателот на државата, а Сенатот го потврдува нивното назначување. Во моментов судот има шест конзервативни судии, од кои тројца беа назначени од поранешниот републикански претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски