Бајден ја обвини Кина за прикривање информации за потеклото на коронавирусот

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја обвини Кина дека прикрила „клучни информации за потеклото на пандемијата на коронавирусот“, по објавувањето на резимето на извештајот на американската разузнавачка истрага, во кој останаа одредени нејаснотии.

Извештајот, означен како строго доверлив, беше доставен оваа недела до Бајден, кој на разузнавачките служби им даде рок од 90 дена за да ги удвои напорите и да го објасни потеклото на пандемијата на коронавирусот.

Според делови од извештајот објавен синоќа, разузнавачките служби заклучиле дека коронавирусот, чие научно име е САРС-КоВ-2, не е развиен како биолошко оружје и оти веројатно не е генетски модифициран.

Сепак, останува поделеност во ставот дали коронавирусот е предизвикан од природна изложеност или е резултат на „лабораториска несреќа“.

– Клучни информации за потеклото на пандемијата постојат во Кина, а од почетокот тамошните власти работеа на спречување на пристапот на меѓународните истражители, рече американскиот претседател.

Бајден додаде дека Кина продолжува да ги отфрла повиците за транспарентност и крие информации, иако пандемијата на коронавирусот сè уште е присутна.

Кинеската Амбасада во Вашингтон веднаш реагираше и ги обвини САД за политичка манипулација.

– Извештајот на американската разузнавачка заедница покажува дека САД се решени да тргнат по погрешен пат на политичка манипулација, соопшти кинеската Амбасада, додавајќи дека извештајот се базира „на претпоставка за кинеска вина, само за Кина да стане жртвено јагне“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок