Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да најде начин да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците за долгорочна стабилност на Израел.

„Идејата дека Израел може да опстане долго време без да го реши палестинското прашање…Тоа нема да се случи“, рече Бајден во интервју за MSNBC, додавајќи дека често го потсетувал Нетанјаху дека мора да најде начин да одговори на потребите на Палестинците.

И покрај повремените критики на Нетанјаху, Бајден ја задржа цврстата поддршка за сојузникот на Вашингтон. САД во четвртокот објавија дека очекуваат примена на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во недела.

Соединетите држави со децении го поддржуваат решението за две држави, кое би основало палестинска држава на Западниот Брег и Газа заедно со Израел, пренесува Танјуг.

Сепак, Нетанјаху тврди дека Израел мора да одржува безбедносна контрола над целата територија западно од реката Јордан, што го прави невозможно создавањето на суверена палестинска држава.

Меѓународниот суд на правдата смета дека израелската окупација на палестинските територии и изградбата на населби на тие територии се нелегални.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски