Бајден и Порошенко се согласија за зајакнување на санкциите против Русија

Од:

Американскиот потпретседател Џо Бајден и украинскиот претседател Петро Порошенко за време на вчерашниот телефонски разговор се договориле да работат за натамошно зајакнување на санкциите против Русија, соопшти Белата куќа.

Двајцата ја разгледале ситуацијата во источниот дел на Украина, а Бајден ги осудил најновите напади на проруските сили.

Според Бајден и Порошенко, Русија ги игнорира своите обврски во рамки на потпишаниот договор од Минск во септември минатата година.

Поради тоа, тие се согласиле да работат заедно со меѓународните партнери и да гарантираат дека цената на Русија ќе продолжи да расте поради нејзините агресивни активности кон Украина.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев