Бајден го призна масакрот на Ерменците во 1915 година за геноцид

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека отоманските турски сили извршиле геноцид врз Ерменците во 1915 година.

Бајден е првиот американски претседател по 40 години кој официјално го призна геноцидот над Ерменците, и покрај противењето на Турција.

Во соопштението издадено од Белата куќа се наведува „1,5 милиони Ерменци беа депортирани, масакрирани и одведени во смрт“.

– Секоја година на овој ден се сеќаваме на оние кои загинаа во геноцидот врз Ерменците за време на Османлиската ера и се посветуваме на тоа да не се повторат такви злосторства. Почнувајќи од 24 април 1915 година, со апсење на ерменски интелектуалци и општествените лидери во Константипол од страна на османлиската власт, 1,5 милиони Ерменци беа депортирани, масакрирани или одведени во смрт. Ние им оддаваме почит на жртвите на „Медс јегерн“ (ерменски термин за Големо злосторство) и ужасите што се случија да не бидат загубени за историја. И ќе се сеќаваме за да останеме внимателни против корозивното влијание на омразата во сите нејзини форми. Американскиот народ им одава почит на сите Ерменци кои ги изгубија животите во геноцидот пред 106 години, истакна Бајден.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро реагираше на одлуката на Џо Бајден. Тој обвини дека „трета страна“ се меша во турските работи.

„Никој нема да има корист од фактот дека дебатите, кои треба да ги водат историчари, се исполитизирани од „трети“ фактори и стануваат средство за интервенција во нашата земја. Не смееме да дозволиме културата на соживот на Турците и Ерменците да падне во заборав. Таа се одржува со стотици години и може да се смета за пример за целото човештво. Јас со почит го чувам споменот на Ерменците од Отоманската империја кои загинаа во тешки услови на Првата светска војна и им изразувам сочувство на нивните внуци – вели Ердоган во пораката до ерменскиот патријарх во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Бајден го осуди атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Бајден го покани Трамп на ТВ-дуел: Разубави ми го денот пријателе, слушам дека си слободен во среда

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Бајден: САД ќе престанат да му доставуваат оружје на Израел

Бајден ја прекина испораката на оружје за Израел