Бајден го предупредил Путин дека инвазијата на Украина ќе има „тешки последици“

Од:

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден разговараа поладнево околу еден час за украинската криза. За разговрот на Твитер се огласи Белата куќа.

„Претседателот Бајден денеска разговараше со претседателот на Русија Владимир Путин и му посочи дека руската инвазија на Украина би имала „брзи и тешки последици“. Бајден го повика Путин да ја деескалира ситуацијата и оди по диполматски пат“ – објави Белата куќа.

Бајден му посочил на Путин дека руската инвазија на Украина „ би предизвикала големи страдања“ и „би го потпила угледот на Русија во светот“.

„Претседателот на САД на Путин јасно му стави до знаење дека америка е посветена на дипломатско решение на кризата, но во коордианција со сојузниците и партнерите подеднакво е подготвена и на други сценарија“ се вели во соопштението.

Нема промена во фундаменталната динамика која се одвива во последниве неколку седмици изјави за Си-ен-ен висок претставник на админситрацијата на Бајден во врска со разговрот на двајцата претседатели.

На прашањето дали Русија веќе донела одлука за инвазија, функционерот вели дека немаат сознација за одлуките на Путин.

„Не се базираме на она што Русите го кажуваат јавно, туку ја следиме ситуацијата на терен, а таа покажува трупање војска на границата со Украина. Нема никакви докази за деескалација, нема ниту сигнали дека постои интерес за деескалација“ – вели изворот на Си-ен-ен.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa