Бајден го повика гувернерот Куомо, обвинет за сексуално малтретирање да поднесе оставка

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден, претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси и бројни членови на Демократската партија побараа гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо да поднесе оставка.

– Мислам дека тој треба да поднесе оставка, рече Бајден.

Наодите на државното обвинителство кои се однесуваат на обвинувања за сексуално малтретирање од страна на Куомо, од кои повеќето беа првично објавени минатата зима, доведоа до бројни барања од истакнати демократи за негова оставка.

Американските сенатори Чак Шамер и Кирстен Гилибранд вчера по објавувањето на извештајот изјавија дека наодите од истрагата ги зајакнуваат нивните повици за оставка на Куомо, упатени првпат во март оваа година.

„Ниту еден избран функционер не е над законот. Жителите на Њујорк заслужуваат подобро во кабинетот на гувернерот. Се уште веруваме дека гувернерот треба да поднесе оставка“, велат Шамер и Гилибранд во заедничко соопштение.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо ги отфрли обвинувањата на државното обвинителство дека сексуално малтретирал 11 жени, вклучително и вработени во неговиот кабинет, и дека се обидел да им се одмазди на жените што го пријавиле.

Би можело да ве интересира

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски