Бајден го повика американскиот Конгрес итно да одобри финансиска помош за Украина и Газа

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден го повика американскиот Конгрес итно да одобри двопартиски нацрт-закон за национална безбедност со кој ќе се обезбеди финансиска помош за Украина и Газа.

– Го повикувам нашиот Конгрес да го направи својот дел – рече Бајден на манифестацијата „Ручек на пријателите на Ирска“ посветена на ирскиот национален празник Денот на Свети Патрик, чиј домаќин беше претседателот на Претставничкиот дом, Мајкл Џонсон.

Џо Бајден му се заблагодари на раководството на Ирска за помошта на Украина и истакна дека е „решен да продолжи да придонесува.

– Убеден сум дека огромното мнозинство од членовите на Конгресот се подготвени да го направат својот дел и повторно го повикувам секој член во оваа просторија да му се спротивстави на (рускиот претседател) Владимир Путин. Тој е насилник – рече Бајден.

Тој ги повика претставниците на Конгресот „веднаш да му го достават одобрениот нацрт-закон за национална безбедност, кој вклучува дополнително финансирање за Украина, Израел, Тајван и хуманитарна помош за Газа.

– Предлог-законот предвидува финансирање на Украина и Израел и можеби не помалку важна хуманитарна помош за Газа. Неопходно е и испраќа јасен сигнал: Америка се залага за слобода и ние не се поклонуваме пред никого во светот – нагласи Бајден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп им го забрани пристапот до доверливи информации на Бајден, Харис и Хилари Клинтон

Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп ја укина наредбата на Бајден за извештаите за употреба на американско оружје

Трамп ги отпушти сите обвинители од времето на Бајден