Бајден го потпиша указот за нови санкции против Русија

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша указот за воведување санкции против Русија, соопшти Белата куќа.

Новите американски санкции се однесуваат на шест руски компании, за кои Вашингтон смета дека се одговорни за изведување на кибер напади, соопшти весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори од американската администрација.

Според весникот, САД ќе протераат и 10 руски „разузнавачи кои во земјата работат со дипломатско покритие“.

Покрај тоа, САД им забранија на своите компании директно да купуваат руски хартии од вредност издадени од Централната банка, Националниот фонд или руското Министерство за финансии.

САД, меѓудругото, сметаат дека Русија е одговорна за кибер нападот на „SolarWinds“.

Американското Министерството за финансии веќе воведе санкции за 16 организации и 16 лица, наводно, поврзани со мешањето на Русија во изборите во САД во 2016 година.

Санкциите на САД се поддржани од ЕУ и НАТО, но тие не планираат да воведат свои ограничувања, пишува „Вашингтон пост“.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа