Бајден ги зголемува шансите за победа на претседателските избори

Од:

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден од ден на ден ги зголемува своите шанси за победа против Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, покажуваат речиси сите сериозни анкети во САД, објави Си-Ен-Ен.

На 100 дена пред претседателските избори анкетите покажуваат дека 29 проценти од испитаниците сметаат дека коронавирусот е најважниот проблем со кој се соочуваат САД, додека речиси половина помалку од анкетираните веруваат дека економијата е најважното национално прашање.

Фактот дека Американците го перцепираат коронаворусот, а не економијата како најважно национално прашање покажува дека претседателот Трамп во моментов се соочува со сериозен проблем.

Аналитичарите, меѓутоа, сметаат дека шансите за победа на Трамп би можеле повторно да се подобрат доколку се подобри и епидемиолошката состојба во земјата.

„Во овој момент подобро е да сте Џо Бајден отколку Доналд Трамп, но изборната трка се уште е далеку од завршена“, заклучува Си-Ен-Ен.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ќе работиме конструктивно со Трамп за да постигнеме брз и траен мир

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Америка ќе депортира 240.000 Украинци од САД

NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Трамп ги паузира и царините за Канада