Бајден: Авиокомпаниите треба да се сметаат за одговорни за откажувањето на летовите во САД

Од:

Многу авиокомпании во Соединетите Американски Држави откажаа илјадници летови поради смртоносната арктичка зимска бура, а американскиот претседател Џо Бајден истакна дека неговата администрација ќе ги смета за одговорни.

„Илјадници летови низ земјата беа откажани за време на празниците. Нашата администрација работи на тоа да ги повика авиокомпаниите на одговорност“, напиша Бајден на Твитер.

Бајден ги упати луѓето чии летови беа откажани во Одделот за транспорт заради компензација.

Според FlightAware, веб-страница која ги следи дневните доцнења и откажувања на летови, околу 20.000 летови се откажани низ САД од 22 декември.

Најмалку 63 лица ги загубија животите во големата зимска бура што го погоди поголемиот дел од Средниот Запад и северниот дел на САД за време на Божик.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Изјавата на Бајден дека сум „луд кучкин син“ е безобразна, но покажа дека бев во право

Предраг Петровиќ

Американските муслимани започнаа кампања против Бајден

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американскиот претседател Џо Бајден го напушти студиото пред да се одјави емисијата

Предраг Петровиќ

Бајден на пат го чуваа седум жени од Тајната служба

Бајден заплака во Ирска

На американскиот претседател му бил дијагностициран рак, канцерогеното ткиво отстрането