Властите во Бахреин соопштија дека се затвора телевизијата „Ал араб“ на саудискиот милијардер Алуалид бин Талал, пуштена во етер на 1 февруари во Манама.
Како веројатна причина е дека телевизијата пренела изјава на бахреинскиот шиитски опозиционер уште во првите емитувани емисии.
– Донесена е одлука за запирање на активностите на „Ал араб“, бидејќи телевизијата не ги доби неопходните дозволи, се наведува во соопштение на службата за медиумски надѕор на Бахреин.
Телевизијата функционираше помалку од 24 часа, пред да го прекине емитувањето поради технички и административни причини.
Канцеларијата за медиумски надyор на Бахреин во соопштението наведува дека се понудила помош за работа на телевизијата согласно прописите, регионалните и меѓународни договори и борбата против тероризмот, додавајќи дека тие услови не биле исполнети.
По прекинот на програмата на „Ал араб“ директорот на службата Јусуф Мохамед изјави дека се работи заедно со раководството на телевизијата за враќање на програмата и завршување на процедурите за добивање дозволи.