Бахреин ги раскинува дипломатските односи со Иран, соопшти денеска министерот за информации Иса ал Хамади, пренесува ДПА.
На иранските дипломати во малото островско кралството во Персискиот Залив, им е даден 48-часовен рок да ја напуштат територијата на земјата.
Оваа одлука беше донесена неколку часа откако Саудиска Арабија презеде аналогни чекори кон Иран.
Бахреин, како и Саудиска Арабија, е управувана од сунитска династија, иако мнозинството од населението е шиитско, поради што во последниве неколку години дојде до насилно задушување на опозициското движење кои бараат уставни реформи во островската монархија.