Бахреин: Демонстрант кон полицијата – Ајде криминалци, убијте ме! Нема да се помрднам!

Од:

По убиството на тинејџерот, Хусеин Џазири, за време на одбележување на втората годишнина од народното востание против владејачката монархија во Бахреин, дојде до нова ескалација на судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

При тоа е забележана и една драматична сцена на улиците од населбата Даих, каде што еден демонстрант се спротивстави на полицијата, извикувајќи “Криминалци! Убијци мислите дека ќе го избегнете гневот Божји? Бог ќе не одмазди! Ајде, убијте ме. Пукај ако се осмелуваш, јас нема да се помрднам!”

bahrain

Еден маскиран демонстрант се обиде да го повлече, но без успех. Набрзо потоа демонстрантите почнаа да фрлаат со камења на полицијата, полицијата одговори со солзавец.

Жестоките судири траеја во ноќта помеѓу четвртокот и петокот и во петокот наутро. Информациите од министерството за внатрешни работи, исто така, велат дека еден полицаец бил убиен.

Би можело да ве интересира

Америка одобри продажба на 50 тенкови за 2,2 милијарди долари на Бахреин

Бенет во историска посета на Бахреин, вети помош околу Иран

Ана Ололовска

Шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид утре во историска посета на Бахреин

А1он

Бахреин е втората држава во светот што ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“

Жарко Настоски

Израелска тајна амбасада во Бахреин

Ана Ололовска

Рохани: Бахреин и Емиратите ќе бидат единствените одговорни за последиците од договорот со Израел

Ана Ололовска