Бахамите во руини по заминувањето на Дориан

Од:

Откако ураганот Дориан ја погоди карипската островска земја Бахами, се што остана беше деструкција и пустош, а жртвите се уште се бројат.

Откако Дориан синоќа го продлжи својот пат кон Флорида, првото сончево утро што денеска осамна над островите откри сцени на тотална деструкција со половина од островите под вода.

Цели соседства срамнети со земја, домови и објекти разурнати, товарни бродски контејнери и чамци насукани длабоко во копното, додека главниот аеродром на Гранд Бахам, во градот Фрипорт, сега повеќе изгледа на езеро, а од терминалот зјаат дупки посипани со скршени стакла и градежен шут.

-Се наоѓаме во центарот на најголемата национална криза во историјата на земјата, објави синоќа премиерот Хуберт Минис, барајќи меѓународна помош за повторна изградба на островите.

Нивото на деструкција е огромно поради преспорото движење на ураганот, кој помина 48 километри за 30 часа.

Доријан се движеше по Абако островите и Гранд Бахама речиси 48 часа, со брзина на ветрот од околу 300 километри на час и врнежи на дожд од 732 милиметри (за споредба, просечната количина глобални годишни врнежи изнесува 990 мм), и зголемено ниво на морето до 7 метри.

Куќите изгледаат како како да биле ставени во миксер, јави „Си-Ен-Ен“.

-Дури и поновите градби со построги стандарди за изградба, на беа поштедени, изјави Брендон Клемент кој го снимал ураганот од хеликоптер.

Според Меѓународниот Црвен Крст, уништени се повеќе од 13 илјади домови, или речиси половина од домовите во регионот на Абако и Гранд Бахама. Засега, потврдена е смртта на седум лица, вклучувајќи и едно осумгодишно дете.

-Можеме да очекуваме уште загинати. Наш приоритет засега е потрага и спасување на жртвите, изјави Минис.

Заглавени жители има насекаде по северозапандите острови зафатени од ураганот и помошта стига по три дена после ударот. Бахамите се архипалег од вкупно 700 осрови.

-Насекаде страдање, на луѓете им е потребна помош, имаат изгубено се, изјави Џош Монгерман, новинар кој известува од места погодени од природни катастрофи. Локалните жители употребуваат ски-џетс (брзи водени едноседи), да спасат некои од жителите кои се веќе лоцирани.

Од крајбрежната гарда на САД изјавија дека спасиле 45 лица откако долетале со неколку хеликоптери во регионот.

Си-Ен-Ен јавува дека помеѓу Абако островите и Гранд Бахама има околу 60 илјади жители на кои им треба итна помош од храна. Властите на островот веќе побараа меѓународна помош за обнова на островите.

Во меѓувреме, Дориан ја намали својата силина до бура од втора категорија движејќи се покрај југоисточното крајбрежје на САД. Властите во Флорида, Јужна и Северна Каролина предупредуваат на будност од опасни бури и поплави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Матурант на Бахамите скокнал од брод поради предизвик, не е пронајден

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нуркачите пронајдоа мртви тела на дното на Големата сина дупка

Предраг Петровиќ

Бурата Умберто прерасна во ураган од прва категорија

Ана Ололовска

Бурата Умберто прераснува во ураган, тврдат метеоролозите

Ана Ололовска

Бурата Умберто се упати кон Бахамите

Нова бура им се заканува на Бахамите

Ана Ололовска