Багдад бара Иран и Турција да ги затворат границите кон Ирачки Курдистан

Од:

Ирачкото Министерство за надворешни работи упати писмо до Владите на Турција и на Иран со кое „ги замолува“ да ги затворат сите премини на нивните граници кон автономниот регион Ирачки Курдистан, јави турската агенција Анадолија.

Во писмото Багдад, исто така, бара од Анкара и Техеран да ги ограничат испораките на нафта и други енергенси од Ирачки Курдистан.

Односите меѓу регионалните властите на Ирачки Курдистан и централната влада во Багдад се влошија поради одржувањето на референдумот за независност на регион на 25 септември. Според официјалните резултати, дури 90 проценти од гласачите на референдумот се изјасниле за независност.

Властите во Багдад не го празнаваат референдум и го прогласија за противзаконски, а тој беше осуден и од Турција, Иран и најголемиот дел од меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава