Баербок: Ситуацијата во Молдавија е екстремно критична

Од:

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска пред Парламентот изјави дека ситуацијата во Молдавија е „екстремно критична“ и оти се уште не е познато кој стои зад неодамнешните напади во молдавскиот проруски регион Трансинистрија.

Во меѓувреме, украинската заменик министерка за надворешни работи Емине Џапарова денеска изјави дека Русија ќе ја искористи ситуацијата во Трансинстрија, одметнатиот проруски регион за да изврши нови напади врз Украина, па дури и врз Молдавија.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија „сака да избегне сценарио во кое Москва мора да интервенира“, што звучи многу слично на она што Русија го тврдеше пред инвазијата врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гаспром ја прекинува испораката на гас за Молдавија: „Ќе останеме без струја и греење“

Бербок: Окупацијата на Голанската висорамнина од страна на Израел го прекршува меѓународното право

Бербок: На Украина и требаат долгорочни безбедносни гаранции

ЦИК на Молдавија: Маја Санду го освои вториот мандат

Горан Наумовски

Бербок: Израел има право да цели на цивилни цели во Газа

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски