Бербок: На Украина и требаат долгорочни безбедносни гаранции

Од:

Министрите за надворешни работи на Европа се согласни дека на Украина и се потребни долгорочни безбедносни гаранции и за ова прашање ќе се разговара денеска на состанокот во Берлин, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок пред средбата.

„Сите се согласуваме дека на Украина и се потребни строги безбедносни гаранции“, рече Бурбок, пренесе Ројтерс.

Според Бербок, тоа вклучува долгорочна воена и финансиска поддршка за Украина.

Бербок денеска ќе биде домаќин на министри од Полска, Франција, Шпанија, Италија и Велика Британија, како и шефот за надворешна политика на Европската унија и министерот за надворешни работи на Украина, на конференција фокусирана на поддршката за Киев, како и за случувањата во Сирија.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина