Баербок: ЕУ треба да продолжи да ја снабдува Украина со оружје

Од:

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Европската Унија направила се за да ја запре војната во Украина, но рускиот претседател Владимир Путин не размислува на ништо друго освен да ја уништи државата.

Таа на прес-конференцијата во Лисабон истакна дека поради таквиот став на Путин е „важно да се продолжи со снабдување со оружје, за да може Украина да се брани себеси и животите на својот народ“.

Баербок наведе дека Германија бара повеќе начини да му помогне на Киев да ги заштити населението и инфраструктурата, а слабеење на одлучноста на Европа по ова прашање ќе биде во корист на Москва.

– И оваа година мораме да го заштитиме и понатаму да го развиваме заедничкото европско единство што не направи силни минатата година, посочи Баербок.

Според неа ЕУ не може да си дозволи одлуките да бидат блокирани од поединечни земји-членки.

– Гласањето со квалификувано мнозинство може да доведе до поправедни резултати за сите нас. Треба да бидеме способни да дејствуваме ефикасно и брзо, истакна германската министерка за надворешни работи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот