Бабиш негира дека Чешка произведувала „Новичок“

Од:

Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска ги отфрли тврдењата дека неговата земја го произведувала и тестирала нервниот агенс „Новичок“, со што го оспори тврдењето на чешкиот претседател Милош Земан.

– Република Чешка не произведувала, тестирала или складирала нервен агенс „Новичок“, изјави Бабиш додавајќи оти неговото тврдење е засновано на заклучоците од шефовите на службата за безбедност и на Воената разузнавачка служба.

Чешкиот претседател Земан претходно изјави за чешката телевизија „Барандов“ дека истражувачкиот центар во Брно минатиот ноември произведувал и тестирал мала количина „Новичок“, како и тоа дека по тестирањето, таа супстанца е уништена на соодветен начин.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница