Ба Ки-мун: Инспектори на ОН наскоро ќе се вратат во Сирија

Од:

Инспекторите на ОН наскоро ќе се вратат во Сирија, за да истражат наводен хемиски напад во предградие на Алепо, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

– Нашите инспектори ќе заминат таму што е можно поскоро, за да спроведат нови истражувања. Се надеваме дека тоа ќе послужи како сигнал за порешителни напори за уредување на конфликтот и ставање крај на страдањата на сирискиот народ, рече Бан по затворената седница на Советот за безбедност на ОН, на која беше ислушан извештајот за резултатите од истрагата на наводниот хемиски напад во предградие на Дамаск на 21 август.

Претходно, заменик-портпаролот на ОН Фархан Хак потврди, дека при враќањето во Сирија, инспекторите на ОН планираат да посетат места, каде се претпоставува дека биле извршени хемиски напади, вклучувајќи го и предградието на Алепо – Хан ел Асал, каде според руски и сириски власти на 19 март бунтовници употребиле гас сарин.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ