Азербејџански суд ослободи новинарка застапувана од Амал Клуни

Од:

Азербејџанската новинарка Кадија Исмаилова која била уапсена во декември 2014 година, е пуштена од затвор, со одлука на Врховниот суд на Азербејџан.

Во летото минатата година, таа била осудена на 7,5 години затвор, за како што е речено во пресудата, корупција.

Ваквата пресуда предизвика гневна реакција во меѓународната јавност, која се сомнева дека станува збор за политичка пресметка на власта кон новинарката и нејзините истражувања, со кои биле опфатени и бизнис интересите на семејството на азербејџанскиот претседател Илихам Алиев .

Тоа предизвика случајот на Исмаилова да го преземе лондонскиот адвокат за човекови права Амал Клуни и нејзината екипа истражувачи.

Со одлуката на Судот, на новинарката и е намалена затворската казна на 3,5 години, што значи дека таа и натаму е виновна за две од четирите „кривични дела“ за кои првично била осудена- „илегално претприемиштво“ како и дека извршила „даночна измама“.

Во изјава за Би-Би-Си, Исмаилова рекла дека ќе настојува да се избори за целосна рехабилитација.

Таа тврди дека е целосно невина и дека пишувала за злоупотребите со фондовите за нафта и за измамите околу неплаѓањето данок, обвинувајќи ја власта дека и понатаму ги „апси своите критичари“.

Не е јасно, зашто Врховниот суд наложил оваа радио новинарка да биде пуштена од затвор, иако треба да ја дослужи сега намалената затворска казна.

Се верува дека станува збор за обид на властите да се претрка пресудата на Судот за човекови права, каде адвокатот Клуни и нејзините соработници го имаат предадено случајот на Исмаилова.

Одлуката на судот се очекува во „најскоро време“.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска