Азербејџански офицери и сто Ерменци убиени на граница

Од:

Азербејџански генерал и полковник загинаа во судирите на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, а од ерменска страна загинаа околу 100 војници, информира заменик министерот за одбрана на Азербејџан, Керим Велиев.

Велиев рече дека за време на дводневните борби, азербејџанската армија „елиминирала до 100 непријателски војници“, како и голема количина тешко оружје и моторни возила.

Тој додаде дека се уништени и голем број „важни објекти“.

Конфликтот меѓу двете земји, кој трае од 1988 година поради спорот околу Нагорно-Карабах, ескалираше во неделата, кога азербејџанското Министерство за одбрана објави дека ерменската страна гранатирала позиции на земјата на границата.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска