Азербејџан организира големи воени вежби во близина на спорниот реон Нагорно Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за одбрана.
Маневрите ќе започнат од утре до 24 јуни во Нахичеван, на границата со Иран, и на брегот на Каспиското Море. Ќе учествуваат 25.000 војници, 30 тенкови и оклопни возила, над 100 минофрлачи, околу 40 воени авиони и 30 балистички ракетни системи, бродови и специјални единици.
Воените вежби ќе се спроведат два месеца по жестоките судири со сепаратистите во Нагорно Карабах, во кои загинаа 110 лица.