Азарбеџанците одобрија продолжување на мандатот на претседателот и проширување на неговите овластувања

Од:

Гласачите во Азарбеџан со огромно мнозинство, одобрија зголемување на времетраењето на мандатот на претседателот од пет на седум години, јави ТАСС, повикувајќи се на неконечни резултати од спроведениот референдум.

Според податоците на азарбеџанската Државна изборна комисија, по пребројувањето на 70,2 отсто од гласачките ливчиња, 91,2 проценти го поддржале продолжувањето на претседателскиот мандат.

Соодветниот член од Уставот се дополнува со предлогот претседателот да може да распишува предвремени избори за шеф на државата.

Претседателот првпат добива право да може да го распушти парламентот – според добиените резултати 87,4 проценти од гласачите го поддржале овој предлог за промена на Уставот.

На референумот своето право на глас го оствариле 69,7 проценти од гласачите.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска