Автомобил влета во женско училиште во Вимблдон, повредени се седум деца

Од:

Британската полиција денеска соопшти дека истражува „сериозна несреќа“ во која автомобил удри во основно училиште во Вимблдон, јужен Лондон, при што беа повредени двајца возрасни и седум деца, но се верува дека не е поврзана со тероризам. Автомобилот удрил во The Study Prep, училиште за девојчиња на возраст од четири до 11 години во Камп Роуд, а на неколку лица им била укажана помош на местото на настанот, соопшти полицијата.

„Не го третираме овој инцидент како поврзан со тероризам“, соопшти лондонската Метрополитен полиција.

„Истрагата е во тек со цел да се откријат сите околности за тоа што се случило“, тврдат од полицијата.

Полициските сили соопштија дека се чекаат нови информации за состојбата на деветмината повредени. Возачот на автомобилот застанал на местото на несреќата.

Камп Роуд е на околу една милја од клубот за тенис и крокет на тревникот Ол Ингланд, каде што се одржува тенискиот турнир Вимблдон.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница