Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

Од:

Најмалку две лица загинаа, а непознат број луѓе се повредени кога денеска се преврте автобус на автопат во североисточна Германија, соопшти германската полиција.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила на излезот што води до паркинг од автопатот А11 во близина на крстосница во близина на Пренцлау, североисточно од Берлин, пренесе АП. Автобусот се преврте на страна.

Се претпоставува дека во несреќата не учествувале други возила, а засега не е јасна причината за превртувањето. Во автобусот во моментот на несреќата имало 14 или 15 лица.

Автопатот А11 го поврзува Берлин со полскиот град Шчечин.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД