Австриските набљудувачи од мисијата на ОБСЕ остануваат во Украина

Од:

Австрија, за разлика од САД и други земји, не планира да ги повлече своите набљудувачи во мисијата на ОБСЕ во источна Украина.

„Како што персоналот на Амбасадата останува во Киев, така Австрија ќе продолжи да ја поддржува Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ“, соопшти австриското Министерство за надворешни работи.

Мисијата на ОБСЕ е воспоставена во март 2014 година, кога Русија го анектираше Крим и откако проруските сили ја презедоа контролата врз источните региони Доњецк и Луганск. Задачата на набљудувачите е да го надгледуваат примирјето меѓу украинската армија и проруските сили.

Австрија има 12 набљудувачи во мисијата на ОБСЕ, која е составена од околу 680 членови од 43 земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина