Австриската влада в понеделник ќе одржи состанок за можно укинување на мерките

Од:

Австриската влада в понеделник ќе одржи состанок со гувернерите на провинциите за можното укинување на епидемиолошките мерки. Средбата ќе се одржи преку видео конференција, по што на пресот ќе се обрати канцеларот Карл Нехамер.

Со оваа средба Австрија се приближува до таканаречениот „Ден на слободата“, кога би можеле да бидат укинати сите мерки, а се претпоставува дека тоа ќе биде во март. Ограничувањата за работа во угостителството се очекува да бидат укинати најдоцна во март.

Притисокот од гувернерите на провинциите е голем, па може да се претпостави дека мерките целосно ќе бидат укинати.

Единственото прашање што останува отворено е тестирањето, бидејќи западните провинции сакаат целосен прекин на ПЦР тестирањето на граѓаните, но не и другите делови од земјата, ниту Министерството за здравство.

Барањето за укинување на епидемиолошките мерки уследи по воведувањето на општата задолжителна вакцинација против коронавирусот.

Поради задолжителната вакцинација, но и сојот омикрон, кој не предизвикува толку тешки болести, владата повеќе не може да ги оправдува строгите епидемиолошки мерки.

Би можело да ве интересира

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он