Австрија се подготвува за нов бран бегалци

Од:

По заканите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ги отвори границите за да може мигрантите да продолжат кон Европа, Австрија се подготвува за нов можен мигрантски бран.

Министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил нагласи дека Виена заедно со други централноевропски држави „ќе ја земе работата во свои раце“ и ќе упати австриски војници на надворешните граници на ЕУ.

Доскоцил вели дека ситуацијата како и во 2015 година може да биде драматична.

– Се подготвивме и можеме во рок од неколку дена да дејствуваме. Македонија веќе можеше да ги заштити своите граници, а ние мораме и ќе успееме во тоа, наведува тој во интервју за виенски Естерајх, пренесе Танјуг.

– Секогаш ја критикувавме ЕУ за договорот со Турција. ЕК како план имаше само надеж дека договорот ќе трае што е можно подолго. Турција не е доверлив партнер, изјави Доскоцил.

Тој вели дека од април предупредувал дека не може да се потпрат на Турција.

– Министрите за одбрана на држави од централна Европа имаат намера да имаат заедничка заштита на границите. Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија, Црна Гора и Македонија, Бугарија и Србија тоа го сакаат заедно со нас да го применат. Можеме да помогнеме во заштита на границите во Грција, но секоја држава мора сама да бара помош, нагласи Доскоцил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

Приведени двајца криумчари на мигранти

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он