Австрија почна со повлекување од мисијата на ОН од Голанската висорамнина

Од:

Австрија почна со повлекување на мировниците од Голанската висорамнина, соопшти австриското МНР.

– Австриски војници се повлечени од граничниот пункт Кунејтра во база на ОН која се наоѓа во израелски дел. Првите 80 војници ќе се вратат во Виена денеска, изјави портпарол на МНР на Австрија.

Австријците патролираа во бафер-зона меѓу Сирија и Израел во рамки на мисија на ОН од 1974 година.

Минатата недела поради интензивни престрелки меѓусириските сили и бунтовници во тој реон, Австрија одлучи да ги повлече војниците чија безбедност беше под закана.

Двајца војници беа ранети откако беше заземен граничен пункт, а потоа беа прогонети оттаму од владини сириски војски.

Русија преложи да испрати свои војници како замена за австриските, но испраќањето ќе зависи од генералниот секретар на ОН, Сирија и на Израел.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски