Австрија почна со изградба на ограда на границата со Словенија

Од:

На австриско- словенечката граница почна изградба на речиси четири километарска ограда, која треба да помогне во усмерување на мигрантите кои доаѓаат во Австрија по т.н балканска траса, ги пренесуваат чешките весници информациите на австриските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА, оградата ќе биде долга 4,7 километри, висока 2,5 метри, а ќе бидат употребени материјали кои подоцна лесно ќе може да бидат отстранети.

Во градењето учествуваат и војниците на Австриската армија. Владата во Виена негира дека оградата е за запирање на бегалците и тврди дека ,,тоа се специјални градежни мерки” со цел да се насочи нивното движење.

Приливот на бегалци кои доаѓаат во Австрија значително се намали. Додека во првите недели од ноември доаѓаа 6.000 луѓе дневно, во првите 4 дена од декември нивниот број е помал од 9.000 луѓе и трендот на намалување се очекува да продолжи и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген