По Германија, и Австрија планира да забрани носење на симболите на џхадистичката терористичка организација Исламска држава (ИД).
Во австриското МВР истакнуваат дека уште не постои договор, но оти тој би требало во почетокот на идната недела да биде завршен.
Засега не е одлучено како конкретно забраната на симболите на ИД ќе биде внесена во законот.
Во почетокот на идната недела, министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер, за правосудство Волфганг Брандштетер, за надворешни Себастијан Курц и вицеканцеларот Рајнхолд Лопатка ќе ги претстават мерките против ИД.