Австрија планира да постави ултиматум до ЕУ во врска со мигрантите

Од:

Австрија е со намера да постави ултиматум до ЕУ од два месеца за прилагодување на Даблинскиот договор, односно рамноправна распределба на товарот со мигрантите, наведуваат виенски медиуми.

– Моментната распределба според Даблин III одредбата не е фер, аргументираат од австриското Министерство за надворешни работи и упатуваат закани за тужба пред Европскиот суд.

МНР на Австрија и Министерството за правда се со намера да го зголемат притисокот врз ЕУ за да се постигне решение за подобро распределување на бегалците низ државите членки.

Министерствата и даваат рок од два месеца на ЕК да направи сопствени предлози за подобување на Даблинските обврски.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти