Австрија организира конференција за побрза репатријација на мигрантите

Од:

Австриската Влада ќе организира конференција на која 23 земји ќе разговараат за побрзо враќање во татковината на илегалните мигранти, за построги контроли на надворешните граници на ЕУ и за помош на балканските земји во оперативното спроведување на репатријацијата.

Конференцијата ќе се организира од 21 до 22 февруари во Виена, а учеството веќе го потврдија десет земји, меѓу кои Франција и Германија.

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека „сличностите ги надминуваат разликите“, иако земјите од ЕУ поинаку се однесуваат со илегалните мигранти. Ова особено важи за актуелниот проблем со трговијата со луѓе, додаде Карнер.

– Австрија е еден од деловите на Европа кои се особено погодени од трговијата со луѓе, а со тоа и од нерегуларна миграција, се вели во изјавата на австрискиот конзервативен европратеник Волфганг Тучек.

Тој додаде дека за да се реши овој проблем, членките на ЕУ треба да се залагаат за зголемување на бројот на процедури за азил и обезбедување побрза репатријација.

Учесниците на конференцијата ќе се фокусираат и на помагање на балканските земји да обезбедат побрза репатријација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти