Aвстрија од полноќ воведе гранични контроли

Од:

Австрија од полноќ, поради бегалската криза, воведе гранични контроли.

Тежиште на контролите се истокот и југот на земјата, а соодветна уредба владата донесе во согласност со Шенгенските правила кои дозволуваат времено воведување гранични контроли.

Контролите се воведени на унгарската, италијанската и словенечката, како и на словачката граница.

Интензитетот на контролите, како што истакнува австриското МВР, ќе се ограничи на „потребната мерка за обезбедување сигурност“.

Граничните контроли беа потребни поради масовниот бран припадници на трети држави, за да се спречи загрозување на јавниот ред и внатрешната безбедност.

На полицијата во контролите ќе и помага и војската.

Министерката за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер објасни дека контролите се важен сигнал во светот дека е невозможно да се има неограничен имигрантски бран.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти