Австрија го презеде претседавањето со ОБСЕ

Од:

Австрија денеска го презеде претседавањето со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а со тоа мора да се грижи за безбедноста, демократијата и човековите права од Владивосток до Ванкувер.

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц во улога на претседавач на ОБСЕ ќе отпатува во вторник во Украина. Тој е планирано да ја посети линијата на фронтот во источна Украина со цел да се запознае со ситуацијата.

– Мораме да сториме се за да се избегне натамошна ескалација на вооружените судири, рече Курц во пораката по повод преземањето на претседавањето со ОБСЕ.

Тој исто така нагласи дека безбедноста на населението во источна Украина мора да биде приоритет.

Тој ќе ги посети Дњепропетровск и Мариупољ, каде планира да ги посети разурнатите куќи, како и проектот на Црвениот крст за заштита од мински полиња.

Во решавањето на украинската криза Курц сака зајакнување на соработката со Москва, бидејќи како што напомена повеќе пати досега, нема мир во Европа без Москва.

Курц конкретно смета дека би требало постепено да се укинуваат санкциите на ЕУ кон Русија за напредок во решавање на украинскиот конфликт.

На министерската конференција, на крајот од германското претседавање со ОБСЕ, на почетокот на декември Курц имаше голем број билатерални средби, состанувајќи се со една третина од 50 колеги, кои допатуваа во Германија, меѓу кои беа и шефот на американската дипломатија Џон Кери, како и шефовите на дипломатиите на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Павло Климкин.

Курц приоритетите на претседавањето на Австрија ќе ги претстави на седницата на Постојаниот совет на ОБСЕ на 12 јануари.

Австрија, по Германија и Швајцарија е третата земја која по втор пат претседава со ОБСЕ. Прв пат претседаваше во 2000 година.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион