Австрија: Да се обединат напорите во борбата против илегалната миграција преку источниот Медитеран

Од:

Австрија ги повика земјите од Европа и Западен Балкан да ги обединат напорите во борбата против илегалната миграција низ источниот дел на Средоземно Море (преку Турција и Грција).

Апелот го упати австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер за време на дводневната министерска конференција, која вчера започна во Виена, посветена на мигрантското прашање.

– Ние мора да работиме заедно за надминување на предизвиците на илегалната миграција. Оваа конференција испрати силен сигнал во таа насока, истакна австрискиот министер за внатрешни работи.

Нехамер вети дека Австрија ќе ги поддржи државите по миграциските рути, со цел заедно да ја спречат илегалната миграција.

Како конкретни мерки тој ги наведе започнувањето на координирани нови иницијативи за заштита на границите, ефективно враќање на илегалните мигранти, борбата против трговците со луѓе и поддршката на другите земји во процесот на азил.

На средбата во Виена учествуваа претставници од голем број европски земји и ресорни агенции на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

Приведени двајца криумчари на мигранти

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он