Најголемиот телекомуникациски оператор во Австралија, „Телстар“, им дозволи на своите клиенти бесплатни повици и испраќање на СМС-пораки кон Белгија до 29-ти март, јави дописникот на МИА од Брисел.
Како што објави фламанската телевизија „ВТМ“, овој потег на австралискиот телеком е со цел на Австралијците што имаат свои блиски роднини, приајтели и познаници во Кралството Белгија да можат да утврдат дали истите се безбедни, соопштија од прес-службата на „Телстар“.