Според истражувањето кое во 30 држави го спроведе Организацијата за економска соработка и развој, Австралија се најде на првото место врз основа на економски и останати критериуми, како што се здравствената состојба, безбедноста и заработувачката.
Во првите пет на листата се наоѓаат Шведска, Канада, Норвешка и Швајцарија.
-Австралија бележи извонредни резулати во поглед на квалитетот на живот, што покажуваат и сите индекси на истражувањето-стои во извештајот.
Повеќе од 73 проценти, од 23 милиони Австалијци, на возраст помеѓу 15 и 64 години, се вработени и имаат примања над просекот на ОЕЦД.
Меѓу најсреќните на листата се САД, Данска, Холандија, Исланд и Велика Британија.
Елена Георгиевска