Австралија до крајот на јануари ќе го повлече својот воздухопловен контингент од Ирак по поразот на групата Исламска држава (ИД), соопшти денеска австралиската министерка за одбрана Марис Пејн.
– По три години операции против ИД во Ирак и Сирија, Австралија ги враќа шесте ловци бомбардери „ФА-18 Супер Хорнет“ од регионот, изјави Пејн во една од базите на Военото воздухопловство на Австралија.