Австралија категорички одби прием на бегалците од Мјанмар и Бангладеш

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот денеска изјави дека неговата држава одбива да пружи каква и да е помош во прифаќањето на бегалците од Мјамар и Бангладеш на кои во Бенгалскиот Залив со недели им беше оневозможуван пристап до копното. По повеќедневни конултации на државите од регионот на Југоисточна Азија, Малезија и Индонезија одлучија да обезбедат кампови за прифаќање на над 7.000 емигранти, но го ограничија нивниот престој на најмногу една година.

Премиерот Абот, три пати повторувајќи го изразот “ Nope, nope, nope “, што значи неприфаќање на некоја „лоша’’ идеја, додаде дека каков и да е потег да се покаже разбирање за тие луѓе би бил знак за охрабрување на емигранти и поддршка на трговците со луѓе. Според него, ако со било што се охрабрат „луѓето од бродовите’’, проблемот само би се влошил.

Сегашната конзервативна влада на Австралија повеќе од две години со својата воена морнарица и авијација врати над 30 бродови со бегалци, кои од сиромашните земји во Азија се обидуваат да дојдат во Австралија. Поради суровоста со која интервенираат австралиските чувари на локалната територија, повеќе пати протестираше и официјална Џакарта, но Абот не ги прифати критиките.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца