Австралија и Јапонија на суд поради китови

Од:

Во холандската претстолнина, Хаг во тек е необичен судски процес во кој воено-политичките сојузници и големи економски партнери Австралија и Јапонија водат правна, но и медиумска војна во врска со ловот на китови во меѓународните води на Јужниот океан.

Во тек е доказната постапка пред судот поради обвинението на Австралија, со кое ја обвинува Јапонија за лов на котови , што според неа претставува кршење на меѓународните договори и загрозување на опстанокот на китовите во Јужниот океан.

Австралија еден дел од водите ги прогласи за своја ексклузивна економска зона, па од 2008 година започна да испраќа бродови да ги надгледуваат јапонските китоловци.

Австралиските извидувачи снимиле фотографии со застрашувачки сцени, кои предизвикаа револт кај јавноста и борците за заштита на животната средина во Австралија и Нов Зеланд.

Незадоволството кај јавноста ја присили владата на Австралија да поднесе барање до Меѓународниот суд за правда за спречување лов на китови во меѓународните води во Јужниот океан.

Јапонија пред Меѓународниот суд за правда се брани со тврдењето дека во државата постои долга традиција за конзумирање месо од китови, дека тоа е обичај врзан за јапонската култура и дека западните држави се обидуваат да им ги наметнат своите вредности, при што се необјективни, односно премногу емоционални.

Судското сослушување во Хаг ќе трае до 16. јули, а пресудата на 16-те судии на Меѓународниот суд се очекува во наредните шест месеци.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт