Аврамопулос: Германија согласна да прифати 10.000 бегалци

Од:

Владата на Германија е согласна да прифати уште 10.000 бегалци од Северна Африка и Блискиот Исток, како дел од програмата на Европската унија, изјави денеска еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.

– Германската Влада повторно е на првата линија на фронот, кога е во прашање меѓународната солидарност, истакна еврокомесарот.

Тој појасни дека други држави од ЕУ се согласиле да прифатат 40.000 бегалци, со што целите на програмата се постигнати и најверојатно ќе бидат натфрлени.

Програмата, најавена минатото лето, има за цел да обезбеди диреткна и безбедна маршрута до Европа на бегалците на кои им е најпотребно засолниште.

До есента 2019 година, најмалку 50 илјади лица, претежно од Северна Африка, би требало да најдат нов дом во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он