Аврамопулос: Ако умре Шенгенот, ќе умре и ЕУ

Од:

Прекинот на слободното движење во Шенген зоната ќе биде фатално за Европа, предупреди еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург.

– Ја споделуваме загриженоста на некои земји членки околу безбедноста, но Шенгенот е жив и треба да остане жив, бидејќи ако тој умре, тогаш ќе умре и Европа, истакна Аврамопулос.

Повеќе европски земји, предводени од Франција и Германија, се залагаат за измена на шенгенските прописи кои ги сметаат за надминати имајќи ги предвид терористичките закани.

Европската комисија начелно прифати во таа смисла да се реформираат шенгенските прописи, но не сака да оди толку далеку како што бараат Париз и Берлин, но и Австрија и Данска.

Без да чекаат ЕК да ги спроведе реформите и да ги примени актуелните прописи, овие земји, повикувајќи се на нови терористички закани, веќе најавија дека ќе ги продолжат за шест месеци времените контроли на границите, воведени во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ