Авионски несреќи кои што ги предизвикале пилотите

Од:

Авионската несреќа која што се случи во француските Алпи, покрена низа прашања за трагедиите кои што се случиле поради вина на пилотите.

Во периодот од 1982 до 2013 година, се случиле пет несреќи, за кои што се смета дека се одговорни пилотите на авионите.

Ова е листа на дел од несреќите за кои се смета дека ги предизвикале пилотите.

29-ти ноември 2013

Пилот на авио компанијата „ЛАМ“ од Мозамбик намерно го урна „ембраер 190“ во североисточна Намибија. Авионот сообраќал од Мапута за Луанда, во Ангола и во него имало 33 лица. Според истрагата капетанот се заклучил во пилотската кабина и не му дозволил на копилотот да влезе туку го игнорирал предупредувањето.

31-ви октомври 1999 година

Авионот „Боинг 767“ на компанијата „Египет ер“ се урнал во Атлантикот во близина на крајбрежјето на Масачусетс, бргу по полетување од Њујорк кон Каиро, при што загинаа 217 лица. Американската агенција за безбедност при сообраќај заклучи дека се работи за самоубиство на копилотот. Анализата на црната кутија потврди дека тој бил сам во кабината, дека изговорил кратка молитва, го исклучил автопилотот и го урнал авионот во океанот.

19-ти декември 1997 година

Само половина час по полетување од Џакарта кон Сигнапур авионот „Боинг 737“ на компанијата „Силк Аир“ од Сингапур се урна во река на островот Суматра, при што загинаа 104 патници и членови на екипажот. Американските истражувачи заклучија дека се работи за самоубиство на пилотот, кој што ги исклучил црните кутии, но властите на Индонезија не и дадоа поддршка на оваа верзија.

21-ви август 1994 година

Во тек на летот од Агадир кон Казабланка пилотот на „АТР-42“ на компанијата „Ројал аир“ од Мароко намерно го урнал авионот во планината Атлас, при што загинаа 44 лица. Истрагата потврди дека последните зборови на копилотот укажувале дека капетанот со маневри го урнал авионот.

9-ти февруари 1982 година

Пилотот на „ДЦ-8“ на компанијата „Јапонија ерлајнс“ го урнал авионот пред слетување во Токио, при што убил 24 лица. Истрагата покажала дека тоа била самоубиствена последица на ментално пореметување.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Мал авион ја промаши пистата на Хвар и удри во луѓе

Драма на небото: Авионот влетал во силни турбуленции, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Детали за авионската несреќа кај Загреб: еден мртов, четворица повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Авион се урна во близина на Загреб, еден мртов, тројца повредени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Се запали левото крило на Боинг 737 со 73 патници