Авионот што се урна во Колумбија останал без гориво

Од:

Авионот што се урна во Колумбија во втроникот, при што загинаа најголемиот број од фудбалерите на бразилскиот клуб „Шапекоенсе“, останал без гориво, јавуваат колумбиските медиуми, повикувајќи се на делови од снимениот разговор на пилотот со контролата на летањето.

Во деловите од овој разговор што протекоа до медиумите, се слуша како пилотот повеќепати повторува дека мора итно да слета затоа што авионот има „целосен дефект на електриката“ и нема гориво во резервоарите.

Медимите откриваат дека снимениот разговор ја покажува драматичната ситуација во пилотската кабина во финалните моменти пред леталото да се урне во планинските делови од Колумбија во близината на градот Меделин.

Пред да се прекине лентата се слуша како пилотот ја известил контролата на летањето дека авионот се наоѓа на височина од 2.743 метри.

На местото на падот нема никакви траги од експлозија, што само ги потврдува зборовите на пилотот дека резервоарите на неговиот авион биле целосно празни.

Воен експерт на колумбиската армија, чиј идентитет медиумите не го откриваат, изјавил дека е „мошне сомнително“ што авионот останал без гориво.

Според него, сега треба да се истражат причините за тоа дали во текот на летот од Боливија, горивото истекувало без да забележи екипажот или пак авионот полетал без доволно гориво во неговите резервоари.

Во оваа несреќа, загинаа 77 лица, од кои 19 фудбалери и 20 новинари кои патувале со екипата на „Шапекоенсе“.

Падот на авионот го преживеаја шестмина патници. Од нив, двајца се фудбалери кои се наоѓаат во критична, но според колумбиските лекари, стабилна состојба. Голманот на клубот, чија нога е ампутирана, а се верува дека ќе му биде ампутирано и стапалото на другата нога,

Авиомеханичарот во леталото, кој е меѓу преживенаите, за колумбиските медиуми изјави дека преживеал само затоа што се придржувал до безбедносните стандарди предвидени за вакви сутуации.

– Додека патниците главно стоеја и панично врескаа, јас го свиткав целото тело седнат на седиштето, ставајќи еден куфер меѓу нозете- изјави авиомеханичарот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск