Авионот од Париз кон Мумбаи исчезна од радарите, потоа слета во Иран

Од:

Портпарол на авиокомпанијата Ер Франс соопшти дека авионот кој летал од Париз до Мумбаи итно слетал во Исфахан, Иран, поради безбедносни причини.

Авионот слетал безбедно.

Флајтрадар24, кој го надгледува авиосообраќајот, претходно соопшти дека авионот исчезнал од радар во близина на иранскиот регион Исфахан.

– Авионот АФ218 моментално не е во домет на Флајтрадар24. Или е вон покриеност или слетал, стои во соопштението на Флајтрадар24.

Флајтрадар24 подоцна објави дека според обновениот ред на летање на Ер Франс, не се очекува авионот долго време да биде приземјен.

Авионот полетал од Франција и потоа летал преку Европа и западна Азија. Пред да слета, пилотот објавил „7700“ што укажува на општа опасност.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, авион на Јунајтед ерлајнс беше принуден принудно да слета

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Се урна руски воен авион Су-25

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна