Авион влетал во бура која целосно го оштетила носот на авионот – успеал да слета во Виена

Од:

Авион на Austrian Airlines (AUA) од Мајорка слета во Виена откако претрпе сериозни оштетувања кога за време на летот влетал во бура. Од авиокомпанијата истакнаа дека летот OS434 влетал во невреме со град на пат од Палма де Мајорка, Шпанија, до Виена, Австрија. Авионот на аеродромот во Виена стасал со целосно оштетен нос , а напукна и ветробранското стакло во пилотската кабина. Компанијата соопшти дека фронтот од градоносните облаци не бил видлив на радарот во процесот на спуштање.

– Мислам дека бевме околу 20 минути пред слетување кога влеговме во облак и почнаа турбуленции – истакна патничката Емели Оукли.

Како што пренесува RTL, инцидентот се случил над Хартберг во Австрија, кој е на околу 150 километри од Виена, на надморска височина од околу 6.000 метри. И покрај оштетувањата, Ербас А320 успеа безбедно да слета.

Станува збор за авион Ербас А320, стар 23 години.

Противпожарната бригада на аеродромот и спасувачките служби веднаш излегле на терен, но не морале да интервенираат бидејќи  за среќа, нема повредени.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски